c8bb1a_b018049a7b4940d6bc33e43b300f90fa_mv2_d_4069_1400_s_2.png
iPad Pro Space Gray.png

ТРЕНИРАЈ. ДОМИНИРАЈ. МОТИВИРАЈ.

ПРОНАЈДИ ГО СОВРШЕНИОТ ПЛАН ЗА ТЕБЕ

 

АНА СТОЈАНОВА YOUTUBE КАНАЛ

Ана Стојанова

anastojanovaabout.jpg

ФИТНЕС ТРЕНЕР

Јас сум Ана Стојанова. Твојот личен тренер кој ќе биде со тебе додека не ја постигнеш твојата цел.

Имав само 16 години кога прв пат решив да започнам да вежбам. Физичкиот изглед за мене претставуваше еден битен дел од комплетната слика на еден човек. Покажува колку некој се грижи за себе и своето здравје, а воедно го покажува и цврстиот карактер. Сеуште го делам тоа мислење. Започнав со аеробик. Тоа беше период кога се случуваа видливи промени на мене, а со тоа и го засакав своето тело.

Се развивав, ја менував формата, се чувствував убаво и самоуверено. Колку бев поредовна со тренинзи, толку повеќе имаше и резултати. Најбитната лекција од овој период беше тоа што научив што е добро за мене и како ми фунционира телото. На 18 години сакав да направам промена, ми здосади рутината па се запишав на фитнес.

Тука девојки, започна се. Го знаете чувството кога ќе се судриш со нешто за прв пат и сфаќаш дека е вистинското за тебе?! Тоа бев јас кога прв пат отидов на фитнес. Немав појма ни што вежбам ни колку е правилно, само ми зуеше нешто во глава и ми велеше "ајде уште" и тоа и се случи. Уште. Вежбав без план, вежбав секој ден, истражував, измислував вежби, знаев дека ме исполнува, но ни крај памет не знаев дека тоа ќе го работам.

Уште поинтересна работа за мене е тоа што имам вроден проблем со коленото, па тежински тренинзи ми се забранети засекогаш. Секој успешен тренинг е победа за мене. Да не беше мојата пасија кон фитнесот и храброста да ризикувам немаше денес да го пишувам овој текст и да успеам да помогнам на многу од вас до сега.

Врз база на моето искуство и напорна работа, успеав да создадам два вида на програми за слабеење/ дефиниција и мускулна маса, кои се балансирани, едноставни и интересни. Направени за да се вклопат во секојдневниот живот на ова модерно време за една зафатена мајка, девојка и бизнис жена.

Програмите содржат план за исхрана и вежби сликовито објаснети.

Ова е повеќе од програма за исхрана и вежби, тоа го можат сите. Овде Јас, Ти и сите девојки кои сме вклучени, сме една голема фамилија која секојдневно се бодри и мотивира, а девојките како Нас се борат за она што го сакаат и не се откажуваат! Ајде да се шириме, приклучи се и направи не посилни!

ТРАНСФОРМАЦИИ

ДОБИЈТЕ ГО ТЕЛОТО КОЕ ШТО СЕКОГАШ СТЕ ГО ПОСАКУВАЛЕ СЕГА!

СЛЕДЕТЕ МЕ НА ИНСТАГРАМ

ВИДИ ПОВЕЌЕ >

anastojanova-bottom.jpg

ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ ДА ЈА ЗАПОЧНЕТЕ ВАШАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗАЕДНО СО МЕНЕ?

Уште само еден чекор да телото коа го посакувате!

Кликнете на копчето подоле!